Витамини кои ќе ви помогнат ако имате проблем со помнењето и концентрацијата

Недостатокот на одредени витамини води не само до снижени когнитивни способности на мозокот, туку и до намалување на енергијата, па дури и до депресија.

0
420

Правилната исхрана е исклучително важна за правилна работа на мозокот. Недостатокот на одредени нутриенти во исхраната не само што влијае на нашето здравје туку и на правилното функционирање на мозокот.

Недостатокот на одредени витамини води не само до снижени когнитивни способности на мозокот, туку и до намалување на енергијата, па дури и до депресија.

Затоа, ако сакате да ја подобрите концентрацијата, да ја зголемите прoдуктивноста и способноста на учење, неопходно е да ги земате следните витамини.

Витамин Е

Овој витамин има важна улога во мозокот и во централниот нервен систем. Неуроните – клетки кои овозможуваат правилна комуникација помеѓу мозокот и остатокот од телото се изградени од холестерол и полинезаситени масни киселини до чие оштетување најчесто доаѓа со оксидација. Витаминот Е е моќен антиоксиданс кој ја штити структурата на неуроните од оксидација. Бадемите, лиснатиот зеленчук, сончогледовото масло и лешниците имаат големи количини витамин Е.

Витамини Б комплекс

Помеѓу поважните соединенија за правилна работа на мозокот се и витамините Б. Комплексот на витамини Б подразбира витамини B1 (тиамин), B2 (ниацин), B5 (пантотенска киселина), B6 (пиродоксин), B7 (биотин), B9 (фолна киселина) и B12 (кобаламин) кои заедно играат витална улога во одржувањето на правилна работа на мозокот. Се смета дека губењето на помнењето кај постарите лица е предизвикано од недоволно внесување на витамини Б комплекс.

Б витамините му помагаат на мозокот да го оствари својот полн потенцијал – не прават енергични, позитивни и фокусирани на дневна база а долгорочно ја подобруваат меморијата и здравјето на мозокот.

Витамин Д3

Овој витамин е еден од најдобрите суплементи кои можете да ги земете ако сакате да ја зголемите концентрацијата. Покрај тоа, овој витамин е заслужен и за правилно функционирање на нервите и повеќе од стотина различни телесни процеси.

Најдобар извор на витамин Д3 се млекото и млечните производи како и животинското месо поради што дефицит на Д3 најчесто се појавува кај вегетаријанците и веганите.

Фото: Pixabey