Витаминот Б17 не е лек против рак, туку отров?

Витаминот Б17 кој се наоѓа во семките од кајсии е се попопуларен алтернативен лек против рак, но стручњаците предупредуваат на неговата токсичност и опасност од неговото консумирање

0
1629

Алтернативните методи за лекување на рак често претставуваат последна сламка за спас на хроничните пациенти со рак, особено кај оние со многу мала надеж за излекување или преживување.

Заради тоа се многу популарни најразлични чудотворни методи, а една од нив е лекувањето на карцином со витаминот Б17, кој се нарекува уште и амигдалин или леатрил. Тој витамин е првпат откриен во горчливиот бадем, а подоцна и во семките од кајсии благодарение на хемичарот Ернст Т.Кребс.

Витаминот Б17 се состои од 1 молекул бензалдехид (benzaldehyde), 1 молекул хидроцијанид (HCN – hydrogen cyanide) и 2 молекули глукоза (шеќери). Бензалдехидот и цијанидот се отровни елементи, а заговорниците на овој метод на лекување на ракот тврдат дека тие токсични елементи целат само кон малигните клетки. Но, научниците предупредуваат дека цијанидот во тој лек може да го убие пациентот пред тоа да го стори самиот рак.

„Земањето цијанид преку семките од кајсии резултира со опасни нуспојави, како што се губење на осетот и трнење на прстите, но и смрт, ако отровот се натрупа во телото“, стои во предупредувањето од британската Агенција за стандарди на храна и лекови.

И кај нас можат да се купат семки од кајсии, а повеќето веб страници кои ги продаваат препорачуваат консумирање од 10 до 12 семки на ден за спречување на ширењето на туморот, што е половина од дозата за која е утврдено дека е смртоносна за здрав човек. Кај пациентите лекувани со хемотерапија и со ослабен имунитет, дури и таа доза може да биде фатална. Според научниците, ако веќе се користат семки од кајсии, тогаш максималната доза би требало да биде 1 семка на ден, пишува Дејли Мејл.
Слично е и тврдењето на српскиот биохемичар Зоран Вујчиќ, амигдалинот значи бадем, а го изолирале хемичарите пред 180 години од плодовите на горчливиот бадем Prunus amygdalus. Освен во бадемот го има и во семките од кајсии Prunus armeniaca и црните цреши Prunus serotina. И во јаболката.
Според Вујчиќ, амигдалинот е цијаниден гликозид, а цијанидните гликозиди се отровни и тој се прашува како е воопшто можно некои такви супстанции да бидат разгледувани како алтернатива за официјалните терапии? Дали навистина од луѓето се кријат информации од типот на онаа дека лек против ракот одамна постои? Па вели: луѓето кои се во неволја посегаат по се и по сешто, по различни капки, масти, препарати. Амигдалин, зеолит, петролеј, масло од марихуана, сода бикарбона, базен лимон и секако, сирова храна.
Зошто тогаш и покрај сите тие природни препарати, луѓето и натаму умираат, се прашува Вујчиќ. Според него, најчестиот аргумент на приврзаниците на ваквото алтернативно лекување со семки од кајсии дека како деца јаделе по цела рака семки и не им е ништо, и не е некој аргумент. Тука, вели тој, има многу фактори, а меѓудругото, односно, покрај тоа дали станува збор за дете, за возрасен, за пушач или за алкохоличар и слично, за количината на цијанид во крвта играат улога и условите на одгледување, чувањето, сортата, како и тоа дали во комбинација со овие семки од кајсии се јаде глукоза, месо и слично. Затоа тој предупредува дека треба да се биде внимателен во изборот, а неговото објаснување можете да го прочитате тука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

4 × four =