Витаминот важен за спречување на тешки видови на рак, можете да го внесете многу лесно

Истражување спроведено на угледниот американски универзитет Brown во кој се вклучени резултатите од две претходно спроведени опсежни студии, покажало дека секој за своето здравје би требало да направи барем толку – да консумира поголема количина зеленчук и овошје. Доволни се 1 батат или два моркови

0
935

Луѓето кои во својата исхрана консумираат зголемен број на намирници со поголем процент на витамин А имаат дури 17 отсто помала шанса да развијат друг најчест облик на рак на кожа, онок на плочестите клетки (планоцелуларе карцином), пишува ScienceDaily.

Тие пренесуваат истражување спроведено наугледниот американски универзитет Brown во кој севклучени резултатите од две претходно спроведени опсежни студии. Едната е спроведена помеѓу 1984. и 2012. на 121.700 испитаници, а другата помеѓу 1986. и 2012. на 51.529 луѓе.

Испитаниците немале историја на рак на кожа во семејството, а дури 3.978 заболеле од некој облик на карцином. Меѓу нив небиле оие коиконсумирале значително поголема количина витамин А.

Лекарите тврдат дека типот на рак на кој се особено подложни оние со посветол тен може да се спречи со засилена консумација на витамин А, во облик на суплементи или преку исхраната. Познат е како делотворен кога станува збор за здрав раст на клетките, но резултатите од претходните истражувања се поделени.

Нашата студија е само показател дека секој за своето здравје би требало да направи барем толку – да консумира поголема количина зеленчук и овошје“, вели Ијунионг Чо, водечки лекар на истражувањето, дерматолог и епидемиолог.

Ракот на кожа е исклучително тешко да се спречи, но добрата исхрана богата со витамин А би можела да биде клуч за здравјето. Освен ова, заштитен фактор и намалено изложување на сонце секако нема да одмогне“, вели тој.

Количината на витамин А која ја консумирале здравите пациенти се сведува на следното: еден средно голем варен батат или два големи сирови моркови.

Многу е важно, велат лекарите, витаминот А да доаѓа од намирници со растително потекло, а други на листата важни намирници се: диња, кајсии и зелен лиснат зеленчук. Витамин А во намирниците од животинско потекло има во млекото, во некои видови на риба и во црн дроб.

Претерувањето во количината на консумирање на овој витамин доведува до несакани последици, предупредуваат научниците. Меѓу нив, мачнина, проблеми со црниот дроб, зголемен ризик за остеопороза, па дури и дефекти при бременоста.

Пигменти слични на оние во витаминот А како ликопенот кој се наоѓа во доматите и лубениците се исто така благотворни во спречување на ракот.

Фото: Pixabey