Внимавајте на овие пет намирници кои на жештините брзо се расипуваат

Бидете внимателни за време на летото бидејќи во овој период може многу лесно да се случи да се отруете со храна.

0
445

Високите температури и високиот степен на влажност, значи, летното секојдневје, се идеални услови за раст и размножување на патогени бактерии – предизвикувачи на труење со храна. Еве со кои намирници треба да бидете внимателни.

Пилешко

Сировите или недоволно термички обработено пилешко спаѓаат во високоризична храна поради можност од труење. Тука сњ заканува ризик од два вида бактерии кампилобактер и салмонела, кои начесто се наоѓаат во цревата и пердувите на овие птици.

Научниците од Institute of Food Researcha ги истражувале соковите кои настануваат во текот на одмрзнувањето на пилешкото, а откриле дека токму тие течности се природно тло за размножување на кампилобактер.

Стручњаците тврдат дека дури ни пилешкото кое е термиќки оработено не треба да се чува подолго од 48 часа во фрижидер.

Зеленчук

Различни видови на зеленчук, а особено зелениот лиснат зеленчук, можат да бидат заразени со бактерии E. coli, салмонела и листерија, а до зараза доаѓа поради нечиста вода и заразено тло. Затоа се препорачува темелно да се измие зеленчукот пред консумација.

Исто така, важно е да се нагласи дека е најдобро зеленчукот да се мие под млаз вода за да се отстранат остатоците од земја. И не го мијте во сад поради задржувањето на можните бактерии.

Јајца

Јајцата се еден од најчестите преносници на салмонела, затоа добро поведете сметка за изборот на истите. Никогаш не ги земајтеоние кои се пукнати или скршени на некои делови или пак оние со валкана лушпа. Чувајте ги во фрижидер и не ги изложувајте на сонце и на топлина. Пред употреба јајцето секогаш скршете го во посебен сад и мириснете го.

Риба и морски плодови

Токму овој вид намирници најчесто предизвикуваат труење, а сѐ заради тоа што не се чуваат на правилен начин. Од таквите намирници постои висок ризик од зараза со хистамин, токсин кој настанува поради бактериите кои се наоѓаат во рибите. Може да предизвика мачнини и отекување на лицето или јазикот.

Месо

Токму како и кај рибите и морските плодови, најважно е правилно да се складира месото и добро да се обработи термички. Исто така, при неговото приготвување обрнете внимание на неговата боја и мирис.

Ако јадете надвор, секогаш проверете дали е храната свежо приготвена и сварена, а не подгреана. Избегнувајте варена или печена храна која долго стоела, дури и ако е во фрижидер.

Фото: Pixabey