Внимавајте: Овие 5 плодови имаат скриени отровни делови

Листовите на доматите содржат токсичен соланин и во поголеми количини можат да имаат фатални последици врз човекот

0
2876

Да се јаде зеленчукот од коренот па до врвот е одличен начин да се намали отпадот, но треба да се знае дека некои намирници не е пожелно да се консумираат на таков начин.

Компирови никулци

Токсичната материја соланин најмногу го има во никулците и стабленцата на компирот заради што овие делови би требало да се отстранат пред да почнете термички да ги обработувате компирите. Исто така, доста соланин има во зелените компири па избегнувајте да ги јадете плодовите кои под лушпата имаат зеленкаста нијанса.

Листови од домати

Европјаните стравувале од доматот стотици години, а почнале да ја јадат оваа намирница дури во 18.век. Една од причините се крие и во лисјата од доматите кои ги содржат токсичните материи соланин и томатин, а кои ако се консумираат можат да предизвикаат проблеми со желудникот. Во поголеми количини листовите од домати може да имаат фатални последици врз човекот.

Семки од јаболка

Малите семчиња во јаболката содржат мали количини амигдалин, материја која во контакт со ензимите за варење се претвара во цијанид. Цврстата обвивк на семчињата спречува да се испушти отровот во организмот, но затоа е исклучително важно да не се гризат. Всушност, најдобро е да ги исплукате бидејќи и онака немаат добар вкус.

Листови од рабарбара

Стебленцата од рабарбара во комбинација со слатки јагоди се одличен летен десерт. Но консумирањето на лисјата од оваа билка може да ви направи сериозни проблеми. Тие содржат оксална киселина и антрахинонски гликозиди кои имаат дејство на отрови врз човечкиот организам кога ќе се сварат. Симптомите зависат од количината на изедените листови, а можат да варираат од желудочна болка и повраќање до сериозни напади.

Листовите и цветовите од домати

Доматот е уште еден вид на зеленчук кај кој треба да се биде внимателен кога се консумира. Листовите и цветовите од овој вкусен плод содржат соланин, кој е отровен, па никако немојте да ги консумирате.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here