Време е за јапонско јаболко!

Ова овошје кое во Македонија го донел Лазар Колишевски од едно патување во Кина, изобилува со голем број нутритивни придобивки, но и со фитонутрициенсот фисетин кој има антикарциногено, антиинфламаторно и антивирално својство.

0
1194

Јапонското јаболко изобилува со огромни количини витамин А и бетакаротени. Во едно јапонско јаболко има приближно 50% од дневните потреби на витамин А,кој е важен за острината на видот и здравјето на коските, кожата и непцата. Освен овој витамин, јапонското јаболко содржи и голема количина на витамин Ц и железо.

Исто така, јапонското јаболко изобилува и со минерали, меѓу кои и селен. Токму поради антиоксидантните својства на овој минерал, по катастрофата во Чернобил, од Валандово биле извезени големи количини на јапонски јаболка токму за овој регион. Освен селен, содржи и бакар и калиум.

Јапонското јаболко содржи малку калории и е богат извор на влакна.

Освен нутритивните придобивки, ова овошје изобилува и со флавоноиди за кои се смета дека имаат позитивен ефект врз здравјето. Еден таков флавоноид е фисетинот, кој е застапен во јапонското јаболко. Овој фитонутрициенс има антикарциногено, антиинфламаторно и антивирално својство. Некои научни истражувања покажале дека фисетинот може да има и позитивно влијание кај болните од Алцхајмерова болест.

Ако ги купите овие јаболка додека се уште не се добро созреани, може да ви направат непријатно чувство во устата, односно, да ви ја „соберат“, но кога е доволно зрело, е слатко како мед.

 

 

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here