Време е за сливи, свежи, ама и за мармалад

Сливите учествуваат во борба против анемијата, а особено се добри за детоксикација на црниот дроб, цревата и бубрезите, но и на целиот организам, а го намалуваат и ризикот од заболување од рак на дебело црево,

0
179

Сливите се нискокалорично овошје и има богати нутритивни својства: витамин Ц, витамин Б6, бакар, витамин Б2, витамин Б3, витамин К, магнезиум, железо, калциум и особено голема количина калиум (дури 240 мг на 100 грама сливи). Тие се богати и со влакна, 2 грама на 100 грама сливи. Постојат повеќе сорти на сливи, а процентот на антиоксиданси во нив варира од сортата и местото на одгледување. Се консумираат свежи или суви, а во овој период од годинава најчесто се купуваат за правење на мармалад.

Претходните истражувања покажале дека сливите ги јакнат коските, го намалуваат ризикот од заболување од рак на дебело црево, но и дека консумацијата на 12 сливи со просечна големина на ден, во текот на два месеци го намалува нивото на лошиот холестерол.

Богатството и комбинацијата на нутритивни материи во сливата, имаат бројни позитивни дејства на човечкиот организам.

Имаат диуретично дејство и помагаат за спречување на настанувањето на едеми (собирање на вода во организмот).

Помагаат за спречување на кардиоваскуларните болести. Калиумот и железото кои се наоѓаат во сливите се задолжени за создавање на црвени крвни зрнца и на тој начин влијаат на регулирање на отчукувањата на срцето и нивото на крвниот притисок.

Витаминот К во сливата спречува хипертензијја и формирање на крвни згрутчувања.

Помагаат за лекување на цревни пореметувања. Растителните влакна помагаат за варење на храната. Присуството на витамини од Б групата помага за разбивање на молекулите на протеините, мастите и јаглените хидрати и нивната метаболизација.

Сливите содржат сорбитол и исатин кои го регулираат дигестивниот систем што мму овозможува на телото консумирање на раЗни видови храна. Сето ова помага во борбата проив констипацијата.

Ја јакнат имунолошката состојба на организмот, го подобруваат здравјето на очите поради присуството на витамин А. Еден вид на раститени влакна кои се наоѓаат во сливите најдобро ја чуваат ретината, а воедно го штитат окото од штетното УВ зрачење.

Сливите учествуваат во борба против анемијата, а особено се добри за детоксикација на црниот дроб, цревата и бубрезите, но и на целиот организам.

Исто така, го чуваат респираторниот систем, па се препорачуваат во исхраната на забоените од бронхитис.

Фото: Pixabey