За да се направи ѓомлезе потребен е марифет, но и големо трпение

Ѓомлезето се прави току долго што е вистинска штета што „исчезнува“ толку брзо. А најдобрите мајсторки годинава се: Кристина Богданоска, Лиле Кароска и Добринка Џуклеска.

0
157

Традиционалната манифестација „Охридска софра 2019“ која се одржа викендов во живописното село Скребатно во близина на Охрид, ги прогласи најдобрите мајстори за приготвување ѓомлезе.

Тричленото жири, годинава составено од претставници на Националната асоцијација на готвачи – ГастроМак, за највкусно ѓомлезе во Охридско го прогласи она што го направи Кристина Богданоска. Второто место ѝ припадна на Лиле Кароска, а третото – на Добринка Џуклеска. Стотици вљубеници во оваа манифестација од земјава, но и од странство, имаа можност да ги вкусат мајсториите на ѓомлезарите, кои од рано утрината во саботата ги запалија ѓомлезарските огништа за подготовка на традиционалниот специјалитет што никого не остава рамнодушен.

„Охридска софра“, како вистинска гурманско-туристичка атракција, претставува извонредна можност за промоција на алтернативниот туризам во охридскиот регион, како и потсетување на она што значи традиционална софра.

Ѓомлезе, ѓомлезец, тури-потпечи или како што уште го викаат -кашаник е македонско традиционално јадење, симбол на кулинарството во Охридско и Струшко, а сите присутни имаа можат да гледаат како се приготвуваат, а потоа и да ги дегустираат.