За што се може да послужи винскиот подрум?

Милијардерот Ричард Бренсон и неговиот тим останале во винскиот подрум за време на ураганот Ирма. Колку вина преживеале, ќе се утврдува дополнително

0
929

Ураганот Ирма со ветрови со брзина од 290 км на час, е прогласен за еден од најмоќните, ако не и најмоќен во историјата.

Додека го продолжува својот немилосрден поход кон бреговите на Флорида, сите кои му се на патот бегаат без да свртат глава.

Сепак, еден од најбогатите луѓе на светот, сопственикот на Вирџин Груп, Ричард Бренсон, кој моментално престојува на карипскиот остров Некер кој го купил пред неколку децении одлучил да остане како што го правел тоа и за време на претходните урагани.
Моќната олуја Бренсон и неговиот тим ја преживеале во бетонскиот вински подрум изграден под земја, поточно, под „Големата куќа“.
Милијардерот ги споделил сликите од своето засолниште на социјалните мрежи и напишал:
„Дождот и ветрот удираат во мојата куќа, создадоа морничава, но убава атмосфера“.
Особено му се допаднало чувството кое го потсетило на детството со оглед на тоа што сите кои останале со него спиеле во две соби, а тоа тој го немал одамна доживеано.
Сепак, Бренсон апелирал до сите луѓе на кои им се заканува опасност да се евакуираат.
На островот Некер, изградивме навистина силни згради (дури и во однос на ураганите) кои треба да се во можност да се справат со екстремните временски услови прилично добро, иако ураганот од категоријата 5 речиси ништо не може да го издржи. Имавме неколку гости кои престојуваа на островот Некер и ги прекинаа своите патувања од безбедносни причини. Јас ќе бидам на Некер заедно со нашиот тим, бидејќи сум останувал на три пати и претходно, кога сме имале урагани во текот на изминатите 30 години“, напишал тој на својот блог.
Во средата наутро, Бренсон ја ажурирал информацијата споделувајќи на твитер дека со оглед на тоа што добро го познава својот тим се сомнева дека ќе остане вино во подрумот кога опасноста ќе помине.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

4 × two =