Зашеќерени јаболчиња

Сигурно барем некогаш, кога сте биле мали сте ги пробале црвените зашеќерени јаболчиња кои обично се продаваа пред Луна парк. Зошто не би им ги направиле сами на вашите деца? Нам не ни излегоа баш толку црвени ако оние што ги паметам од детството но веројатно ако ставите повеќе прехранбена боја ќе го постигнете ефектот

0
166

Состојки:

10 помали јаболка
500 г шеќер
110 мл вода
1 лажиче оцет
2 лажици мед
црвена прехрамбена боја
10 дрвени стапчиња (оние за ражничи)

Приготвување:

1. Измијте ги убаво јаболката и избришете ги со мека крпа.
2. Извадете ги рачките и на тоа место боцнете по едно дрвено стапче.
3. Потоа, ставете ги водата и шеќерот да зовријат, па додадете ги и останатите состојки и варете околу 10-15 минути.
4. За да проверите дали е смесата готова, капнете малку од неа во ладна вода или директно ставете го лажичето под ладен млаз. Ако веднаш се карамелизира и не е меко, значи дека е готово.
5. Во оваа жешка смеса ставете ги јаболката и убаво нанесете ја од сите страни, а потоа малку протресете за да падне вишокот.
6. Оставете ги врз метален сад (чинија или тава) која претходно малку ќе ја намрсите за да се сушат.
Важно е се да се направи брзо пред да се стврдне смесата, затоа сета постапка не би требало да трае повеќе од 5 минути.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here