Здрав колач со брашно од хељда, рогач и вишни

За сите кои сакаат здрави колачи, еве уште еден во низата варијанти на оваа тема. Овојпат, онака, велигденски, го искомбиниравме овој здрав колач со „нездрав“ купечки сладолед

0
125

Состојки:

5 јајца

2 лажици кафеав шеќер

150 г растопен путер

1 шолја (200 мл) јогурт

2 лажици несолена урда

2 лажици мед

1 прашок за печиво

10 лажици брашно од хељда

3 лажици бело брашно

1 лажица мелен рогач

300 г вишни од замрзнувач

100 г суви сливи

150 г сечкани ореви

Приготвување:

Изматете ги пенесто јајцата и шеќерот, а потоа додавајте ги полека другите состојки, јогуртот, растопениот путер, медот, па сувите состојки и на крајот со лажица помешајте ги и вишните и сувите сливи.

Истурете ја смесата во тепсија за печење во која претходно сте ставиле хартија за печење, а одозгора расфрлете ги сечканите ореви и печете на 180 степени околу 45 минути.

Ако сакате да биде послатко, поросете на оладениот колач шеќер во прав или само искомбинирајте го колачот со сладолед.