Здрави грицки за филмска вечер

Последниве години, леблебиите се неправедно запоставени што е вистинска штета со оглед на тоа што вкусни,  здрави, полни со протеини и со влакна

0
1050

Зима е и нормално дека сме повеќе време дома,  отколку надвор. За среќа, со денешната технологија лесно можеме да си најдеме забава. Но што да правиме со фактот што занимација не му треба само на мозокот туку и на прстите и на забите? Еве неколку предлози за поздрави и нискокалорични атернативи.

Овошје

Не откривме којзнае што, но добро е да се потсетиме. За среќа, овошјето кое можете да го набавите во зима е идеален кандидат за вкусна и здрава салата. Исечкајте банана, додадете неколку парченца мандарини, јаболка или киви. Во секој сучај, е доббиете и полно витамини, каиум и други багородни состојки кои ќе ви помогнат да ја пребродите зимата.

Микс од јаткасто овошје

Бадеми, лешници, кикирики, ореви. Збогатете го миксот од ова јаткасто овошје со суво овошје како што се сувите кајсии, сливи или грозје, за допонитена шареноликост на вкусовите, но и за здравствен бонус.

Печени леблебии

Леблебиите некогаш беа кралица на грицките кај нас, но последните децении се неправедно запоставени. Тоа е вистинска штета затоа што освен што се вкусни, тие се и здрави, полни со протеини и со влакна. Попрскајте ги со маслиново масло, посолете ги и испечете ги во рерна додека не станат крцкави.

Батат помфрит

Богат со скроб и со влакна и со текстура слична на компирот, бататот има сладок вкус. Исечете го како помфрит, попрскајте го со масло и испечете го во рерна. Не мора да го солите, но да знаете дека во тој сучај е имате благ помфрит.

Сирење со интегрални стапчиња

Интегралните стапчиња ги има во сите маркети и продавници за здрава храна, но гледајте да земете од оние кои се помалку солени затоа што секогаш можете да ги искомбинирате со сирење.

Лимунане

Секако дека од толку грицки можете да ожедните. Наместо да купувате готови, скапи и нездрави пијаоци, направете си погоема количина чај од нане и додадете му свежи цеден сок од лимон. Заблажете со мед и со јаворов сируп и ќе имате вистински здрав напиток.

loading...