Здрави, интегрални погачици со сирење

Ако ви се грицка нешто, а сакате да биде тоа нешто здраво и домашно, но брзо и едноставно, еве одличен рецепт

0
107

Состојки:

2 јајца

200 г бело брашно

300 г интегрално брашно

100 г брашно од спелта

8 лажици маслиново масло

8 лажици млеко

1 лажиче сода бикарбона

1 прашок за пециво

1 лажичка сол

200 г фета сирење

семки по ваш избор

јогурт за премачкување

Приготвување:

Замесете тесто од сите состојки, расукајте го и со чашка вадете ги погачиците и редете ги во тепсија врз хартија за печење. Премачкајте ги со јогурт и наросете ги со семки.

Печете ги околу 15-20 минути на 200 степени.