Зелена крем чорба

Посна, вкусна и здрава, оваа зелена крем чорба е одличен оброк и за возрасните и за децата.

0
120

Оваа крем чорба се прави од само неколку состојки, но е вистинска витаминска бомба, а можат да ја направат дури и оние кои немаат никакво искуство во кујна.

Состојки:

1.5 л вода

3 лажици маслиново масло

3 поголеми парчиња праз (само светло зелениот и белиот дел)

2 чешниња лук

1 брокула

3 компири

Сол и црн пипер

Магдонос или рукола

Приготвување:

  1. Загрејте го маслото во подлабоко тенџере на средна температура и додадете ги празот, лукот, сол и црн пипер. Динстајте додека не омекне, околу 5-7 минути.
  2. Ставете вода, а потоа и компирите исечкани на коцки и малку подоцна и брокулата поделена на цветчиња.
  3. Кога ќе омекнат изматете ги во блендер или со рачен миксер додека не ја добиете саканата густина.
  4. Пред послужување поросете ситно исечкан магдонос или рукола и попрскајте со малку маслиново масло по желба.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here