Зелена пица

Тиквички, јајца и моцарела се супер вкусна подлога на која може да ги ставиме омилените состојки и да уживаме во поздрава верзија на пица со многу помалку јагленохидрати и калории.

0
190

Досега пица со тиквички сум правела само на тој начин што тиквичките биле дел од состојките што сум ги редела врз тестото, но оваа варијанта кога и тестото е направено од тиквички е дефинитивно најздравата верзија на пица за која сте слушнале досега. Сега може да јадеме пица секој ден.

Кога подлогата ќе се направи, се запекува и можете да ја наредите со било што, по ваш избор. Препорачуваме едноставна верзија: домати, кашкавал, малинки, неколку ливчиња свеж босилек и оригано. Ако сте по мевцето, ставете и неколку парчиња пршут. Количината е доволна за 2 пици. Добро исцедете ги тиквичките откако ќе ги изрендате затоа што ќе пуштат доста вода.

Состојки:

3 тиквички

3 јајца

2-3 големи лажици урда и пармезан

Сол, црн пипер, куркума, сув босилек, оригано, лук во прав

1 лажица маслиново масло

Малку гриз (по потреба)

Приготвување:

1. Изрендајте ги тиквичките и посолете ги. После 10 минути добро исцедете ги.

2. Изматете ги јајцата, урдата и пармезанот и зачините па се заедно соединете со тиквичките. Печете ја подлогата во загреана рерна околу 25 минути.

3. Ставете фил по желба и вратете уште 5 минути во рерна да се растопи кашкавалот. На крајот ставете свежи ливчиуња босилек.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here