Земја со автомати за најразновидна храна, од говедско со зеленчук до леб во конзерва

Јапонското здружение за производство на автомати за продажба тврди дека оваа земја има околу 5,5 милиони единици, односно, еден автомат 23 жители, кои вкупно носат добивка од 60 милијарди американски долари годишно.

0
114

Во Токио тешко дека ќе останете гладни. Имено, главниот град на Јапонија има автопти за храна каде и да се најдете – од центарот на градот, преку зелените паркови до периферијата. Автомати ќе најдете и во најзафрлените улици, во шопинг центрите, па дури и пред регуларните продавници во кои може да се купат храна и пијалоци на класичен начин.

Јапонското здружение за производство на автомати за продажба тврди дека оваа земја има околу 5,5 милиони единици, односно, еден автомат 23 жители, кои вкупно носат добивка од 60 милијарди американски долари годишно.

Не само што има автомати насекаде, туку тие нудат и сѐ што можете да замислите. Најчести се автоматите со напитоци како кафе, вода, сокови и пиво, како и разни грицки, но на располагање се и нешто почудни артикли, како што се сладок леб од конзерва, врела супа со фиде, варено говедско и зеленчук или пак свежо испукани пуканки.

Во еден токиски автомат може можат да се купат дури и ларви од стршлен во конзерва, кои се наводно извонредни за здравјето.

Но храната и пијалоците не се единствените работи кои ги нудат јапонските автомати за продажба – овде можете да набавите и слушалки за мобилен, минијатурни играчки за деца, медицински маски, чадори, свежо цвеќе, па дури и долна облека.

Фото: Pixabey