Знаете ли кои се највалканите предмети во секој ресторан?

Истражувањето на американските фаст-фуд ресторани покажало дека повеќето коцки мраз направени во апаратите за мраз содржат повеќе бактерии отколку ВЦ шолјата.

0
990

Секогаш кога ќе седнете на маса во ресторан вие сте само уште еден од неколку стотици (а можеби и илјадници) луѓе кои седеле и јаделе на тоа исто место. Се разбира, садовите се чисти, но останатите предмети со кој доаѓате во допир се многу ретко толку внимателно измиени.

Еве кои се највалканите предмети во секој ресторан:

ВЦ шолја

Иако обично се чистат редовно, од очигледни причини тие и понатаму не се нешто што би сакале да го допрете со раце. Едно истражување покажало дека во ВЦ шолјите живеат околу 3,2 милиони бактерии.

Мраз

Истражувањето на американските фаст-фуд ресторани покажало дека повеќето од мразот од апарат (околу 70 отсто) содржи повеќе бактерии отколку ВЦ шолјата.

Мени

На чистењето на менијата ретко му се обрнува големо внимание, особено ако се направени од хартија. Освен листата на јадења и на пијалоци, на едно мени се наоѓаат во просек и околу 185.000 бактерии.

Кваки

Кваките на внатрешните врати редовно се чистат, но бидејќи во текот на денот ги користат голем број на луѓе, до крајот на денот тие се обично повторно валкани и полни со бактерии. За кваките на влезните врати пак нема потреба дополлнително да зборуваме.

Садови за сол и црн пипер

Предметите кои се постаојано на масите, како што е тоа случај со садовите за сол и за црн пипер, чепкалки за заби, шишенца со масло и оцет и слично, во текот на денот собираат на себе приличен број на бактерии. Можеби сте забележале како се понекогаш лепливи?

Парчиња лимон

Лимоните кои пливаат во вашите чаши со пијалок најверојатно не се измиени пред да бидат исечени на кришки. Исто така, постои шанса да стоеле веќе исечени и подготвени за употреба поголем дел од денот пред да завршат во вашата чаша.

Фаталки за леб и салата

Ретко се заменуваат во текот на работниот ден, а ги допираат буквално сите кои ќе се доблиужат до лебот или до пултот со салати. Валкани се отприлика колку и рачката за пуштање вода во тоалетот.

Маси

Масите секогаш се пребришуваат, но крпите кои се употребуваат за оваа цел сигурно не се менуваат толку често. Истото е и со чаршафите кои се тресат, но не се менуваат на секое менување на гостите на масата. Затоа, ако парче храна ви падне на масата, заборавете на него.

Подови во тоалетот

Откриено е дека подовите во тоалетите содржат околу 2 милиони бактерии на квадратен сантиметар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here