Знаете ли зошто се сливите добри за слабеење?

Тие се еден од најстарите народни лекови за регулирање на варењето, одличен природен лаксатив, а ефикасни се за слабеењето затоа што нивните супстанции ги врзуваат мастите од храната која се консумира и потоа помагаат истите да се исфрлат од организмот. 

0
485

Искористете ја сезоната и уживајте во сливите кои се лек против многу болести. Тие се еден од најстарите народни лекови за регулирање на варењето. Како природен лаксатив тие се од големо значење затоа што за разлика од другите лаксативи, нема опасност од навикнување.

Поради содржината на пектин кои набабрува во цревата, сливите ја омекнуваат столицата што е многу важно при лекувањето хемороиди или цревни заболувања.

Со регулирање на варењето превентивно се делува против настанување на рак на дебелото црево, а пектинот го снижува и холестеролот во крвта. Сливите со помала содржина на шеќер се подобри за лекување на разни тегоби, па се препорачуваат покиселкасти сорти на сливи.

Сливите помагаат во борбата против високиот холестерол и заболувањето на бубрезите, болестите на црниот дроб и реумата. Консумирањето на свежи плодови е одлична превенција од малигни тумори, а освен тоа, подмладува и го регенерира организмот, а ја спречува и појавата на брчки.

Сливите се делотворни и за слабеењето затоа што нивните супстанции ги врзуваат мастите од храната која се внесува во организмот и потоа помагаат истите да се исфрлат од организмот.

Сливите се богати и со калиум, минерал кој е неопходен за одржување на ацидо-базна рамнотежа, чиј недостаток во организмот доведува до замор.

Фото: Pixabey