Зошто и како треба да јадете семки од лубеница?

Речиси сите делови од лубеницата се јадливи – и белиот раб покрај кората и семките кои се вистинска ризница на здравје доколку се приготват на правилен начин.

0
298

Наместо да ги фрлате семките од лубеница, искористете ги на едноставен начин и претворете ги во вкусни и здрави грицки кои се како создадени за лето и за диети

Речиси сите делови од лубеницата се јадливи – и белиот раб покрај кората и семките кои се вистинска ризница на здравје доколку се приготват на правилен начин.

Белиот дел можете да го одвоите од надворешната кора, да го исечете на коцки и да го ставите во вок да го приготвите во некоја мешавина од зеленчук наместо краставица или можете да го киселите како што го правите тоа со краставичките за зимница.

Семките пак ги содржат сите нутриенти потребни за нормално функционирање на човековиот организам од протеини, здрави масти, витамини и минерали, а особено се богати со витамин Е – еден од нутриентите кои многу луѓе не го внесуваат доволно.

Вкусот им е јаткаст, а можете да ги приготвите во добро загреана тава со малку зачини за само 2-5 минути и да ги додадете во салата, во гранола или на тост.

Можете да ги приготвите и на следниот начин:

Семките измијте ги и оставете да стојат 2 часа во солена вода. Потоа исушете ги со хартиена салфета за да го отстраните вишокот вода и евентуалните остатоци од лубеница. Загрејте ја рерната на 160°C.

Ставете ги семките во сад за печење и попрскајте ги со маслиново масло. Зачинете ги со саканите зачини и со исечкано парченце путер и печете ги 40  минути, прво на 160, а потоа уште 15 минути на 180°C додека не станат крцкави и темнокафени. Кога се готови извадете ги и оставете да се оладат, Колку повеќе се ладат толку покрцкави ќе станат. Уживајте во нивниот вкус а тие што ќе ви останат чувајте ги во затворен сад во фрижидер.

Фото: Pixabey