Зошто лубеницата не треба да се чува во фрижидер?

Сите сакаме ладна лубеница, но научниците докажуваат дека ставањето на лубеницата во фрижидер е голема грешка!

0
384

Веројатно сите многу повеќе сакаме да јадеме добро разладена лубеница, но според американското министерство за земјоделие, ако ја ставаме во фрижидер правиме голема грешка.

Како што велат стручњаците, лубеницата треба да се чува на собна температура за да ги задржи сите хранливи состојки со кои изобилува. Кога е ладна, лубеницата ги губи повеќето витамини и хранливи материи.

Уште една работа која ја откриле научниците е таа дека лубеницата продолжува да произведува витамини и хранливи состојки и откако е собрана, но повторно, само ако е на собна температура. Кога ќе ја ставиме во фрижидер, тој процес значително се забавува.

Во рамките на истражувањата научниците оставиле на 14 дена лубеница на 21, 12 и на 5 степени и излегло дека оние кои биле чувани на 21 степен имаат 40 отсто повеќе ликопен и од 50 до 130 отсто повеќе бета каротен.

Фактот дека намирниците ги губат хранливите својства кога се чуваат во фрижидер не е непозната.

Секоја намирница во фрижидер ги губи здравите материи. Затоа лубеница треба да се купи толку колку што знаете дека ќе изедете и веднаш да се консумира. Ако сепак ви остане, подобро е да ѝ ги извадите семките, да ја изблендирате и да ја замрзнете или да ја замрзнете нерасечена. За секое овошје е многу подобро да го јадете веднаш или нерасечено да го замрзнете, а најмногу хранливи материи се губат кога се остава начната во фрижидер.

Лубеницата е најдобро овошје за лето затоа што содржи 90 отсто вода, па ќе ве хидрира и ќе ве освежи. Заради тоа е идеална и за диети, а полна е со хранливи материи како витамини А и Ц, бетакаротен, ликопен, железо, цинк и многу минерали.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

1 × 2 =