Зошто не треба да се јадат заедно компири и месо?

Во неделите мајките и бабите ни правеа месо со компири, а после ручек во градинка секогаш добивавме овошје или нешто благо. Токму тие комбинации, велат нутриционистите, се погрешни

0
1398

Си велите, сме израснале на компири и месо и тоа е еден од најчестите неделни ручеци кои нашите мајки и баби ги подготвувале со голема љубов за семејството. Ви се чини дека оризот е одличен прилог со парче лосос? Нутриционистите велат дека не сте во право. Еве неколку нутриционистички правила за комбинирање на намирниците кои ќе ви го подбрат варењето и општото здравје на организмот.

  1. Не јадете протеини и скроб заедно.

Избегнувајте внесување на прости јаглени хидрати и протеини во еден оброк. Леб, ориз и житарки не би требало да се јадат во комбинација со риба, јајца, месо, млечни производи или тофу. Ова се најлошите можни комбинации на намирници. На вашето тело му е потребна алкална основа за варење на протеините. Кога ензимите ќе почнат да го варат скробот, присуството на алкални ензими го забавува варењето на протеините. Заради тоа можете да почувствувате надуеност. И протеините и скробот одлично одат со лиснат зелен зеленчук, па комбинирајте ги со зеленчук, а избегнувајте да ги јадете заедно.

  1. Протеините јадете ги само со зеленчук.
  2. Скробните намирници како ориз, леб, компири, паста и пецива јадете ги само со зеленчук.
  3. Овошје би требало да јадете два часа пред или после оброкот. Овошјето се вари брзо, па додека дојде до вашиот желудник веќе почнало да се разградува. Ако се комбинира со други намирници, може да почне да се ферментира пред да се свари.
  4. Лубениците и дињите не ги комбинирајте со други намирници. Лубениците и дињите се варат многу побрзо од другите намирници, па не би требало да ги комбинирате дури ни со другото овошје.
  5. Не ги мешајте скробот и шеќерот. Колачињата можат да бидат многу привлечни и некогаш е навистина тешко да им се одолее, но тие лошо влијаат врз системот за варење. Кога во устата ќе се измешаат скроб и шеќер, се запира лачењето на ензимите кои го раствараат скробот па потешко с евари. Шеќерот ферментира во стомакот па така се создава кисела средина со што дополнително се забавува варењето на скробот.
  6. Млекото не го комбинирајте со други намирнициСо пастеризацијата се уништуваат ензимите кои го олеснуваат неговото варење, Млекото почнува да се згрутчува кога ќе дојде до желудникот и го забавува варењето на другата храна. Заради тоа, консумирајте го без други намирници, а можете и да направите домашно бадмеово млеко.
  7. Избегнувајте слатки. Со земањето слатки, скробни намирници или овошје после оброкот го попречувате варењето на јаглените хидрати или протеини кои веќе се наоѓаат во стомакот. Затоа, после обилниот оброк воздржете се од земање десерт. Почекајте барем два часа и дури тогаш уживајте во десертот.

 

loading...