Зошто нутриционистите не сакаат да ги јадат овие „здрави“ намирници?

Иако повеќето луѓе ги консумираат уверени дека е тоа најздравиот избор за нив, одделни намирници сепак не спаѓаат во таа „здрава“ категорија.

0
93

Сите знаеме дека газираните пијалоци и мрсната храна не се најздравиот избор. Но, исто така, има бројни навидум здрави намирници кои исто така не би смееле да ги јадеме во големи количини. Бројни нутриционисти составиле листа од намирници кои, на наше, а веројатно и на ваше изненадување, тие сепак не би ги консумирале.

  1. Смути

Повеќето вакви напитоци кои можат да се најдат во продавниците содржат големи порции овошје, преработени протеински прашоци и засладувачи како мед и агава, кои, иако се природни, содржат голема количина фруктоза. Поздраво е да се јаде овошје и да се пијат сокови од зеленчук.

 

2. Немрсен јогурт или јогурт со низок процент на маснотии

Ваквите производи често имаат многу адитиви како што се шеќер или вештачки засладувачи за да се надополни недостатокот на вкусови. Пред се, потребно е да се прочитаат и да се проверат етикетите на таквите производи, и одлучете се за оние на кои нема наведено шеќер во состојките.

3. Протеински плочки

Најчесто содржат исто толку шеќер како да сте изелле чоколадо. Најдете некои што содржат само семки и јаткасти плодови, и не посегнувајте по секоја на која пишува дека е здрава.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

2 × four =