Ако ви се јаде чоколадо, всушност ви се јадат бадеми

Веројатно веќе сте чуле дека, ако ви се јаде чоколадо, веројатно ви недостасува магнезиум, ако ви се јадат солени грицки - ви недостасува калциум. За секоја ваша силна желба за одредена намирница, ви нудиме поздрава варијанта

0
119

Звучи чудно? Но, секогаш кога имате силна желба за одреден вид храна или се чувствувате раздразливо без да ја знаете причината, знајте дека вашето тело ви кажува нешто. Желбата за одредена храна укажува на недостаток на одредени хемиски елементи во организмот, а ние ќе ви помогнеме да ги задоволите со некоја поздрава варијанта.

Еве список со најчестите желби и објаснување за тоа што всушност ви кажува вашето тело и како да го задоволите, доколку сакате да ги победите своите желби за нездрава храна.

Ако копнеете по чоколадо, тоа е знак дека на вашето тело му недостасува магнезиум, а него може да го најдете и во здрави намирници како што се сирови семки, јаткасти плодови, мешунки и овошје.

Секогаш кога имате неопислива желба за слатки, тоа е знак дека на вашето тело му недостасуваат:

хром – него го има во брокулата, сирењето, грозјето, телешкиот црн дроб, пилешкото;
јаглерод – го има во свежото овошје;
фосфор – го има во пилешкото, говедското, во рибата, јајцата, млечните производи, јаткастото овошје, мешунките, житарките;
сулфур – се наоѓа во брусницата, ренот, зелјестиот зеленчук, кељ, зелка;
триптофан – го има во сирењето, црниот дроб, сувото грозје, спанаќот;

Кога чувствувате потреба за леб или тост, вашето тело ви кажува дека ви недостасува азот, а него ќе го најдете ако јадете храна богата со протеини како што се риба, месо, грав или јаткасто овошје.

Кога јадете солени грицки, тоа значи дека ви недостасува калциум, а него можете да го добиете и од сирење, сенф, семе од сусам, брокула, зелка, мешунки;

Ако чувствувате голема желба за кафе или чај, вашето тело ви бара да внесете:
протеини – најдете ги во месото, морските плодови, пилешкото, мисиркино, млечни производи, јаткасто овошје;
авенин – овесната каша го содржи овој елемент;
калциум – напишавме погоре каде можете да го најдете;
глутамин – се содржи во свеж сок од зелка
калиум – го содржат црни маслинки сушени на сонце, супа од компири, морски алги, радич и други горчливи салати;

Ако имате чувство дека вашето тело бара нешто газирано, тоа всушност ви кажува дека треба да внесете калциум. Да повториме, можете да го внесете ако консумирате сирење, сенф, семе од сусам, брокула, зелје, мешунки.

Многу жени непосредно пред менструалниот циклус сметаат дека им е зголемен апетитот. Причината за ова е недостаток на цинк, а можете да го внесете со консумирање црвено месо (особено тоа од органско потекло), морска храна, лиснат и коренест зеленчук.

Ако чувствувате силна потреба за јадење, а во исто време сте свесни дека не сте гладни, туку дека едноставно јадете од досада, вашето тело ви сигнализира дека му недостасува:
силициум – го има во јаткастите плодови и семките;
триптофан – веќе споменавме дека може да го внесете ако консумирате сирење, црн дроб, суво грозје, спанаќ;
тирозин – се наоѓа во таблетите со витамин Ц, портокалите и зеленото и црвеното овошје и зеленчуци.

Ако, пак, страдате од недостаток на апетит, вашето тело сигнализира дека му недостасува:
витамин Б1- внесете го со консумирање јаткасти плодови, семиња, грав, црн дроб и месо;
витамин Б3 – консумирајте туна, говедско, пилешко, мисиркино, свинско месо, семиња и мешунки;
манган – се наоѓа во оревите, бадемите, ананасот, боровинките;
хлорид – консумирајте свежо козјо млеко или нерафинирана морска сол.

Во случај да сте се откажале од пушење и имате чувство дека вашето тело ви бара тутун, тоа е, всушност, знак дека на телото му недостасува:

силициум – го има во јаткастите плодови и семиња
тирозин – споменавме дека го има во таблетите со витамин Ц, портокалите и зелените и црвените овошја и зеленчуци.

Ако чувствувате дека вашето тело бара алкохол, тоа всушност сигнализира дека му недостасуваат: протеини, авенин, калциум, глутамин и калиум (во текстот се наведени намирниците што ги имаат овие елементи).

Фото: Pixabay