Ако во фрижидерот имате павлака, направете го овој супер кремав колач (ВИДЕО)

Лесно и од состојките што веќе ги имате во фрижидер направете го овој вкусен колач со кремав фил од павлака

0
730

Едноставен, кремав и толку уникатен – овој колач со фил од павлака ќе стане вашиот омилен.

Состојки за тестото:

2 жолчки
80 гр путер
70 гр шеќер
1 рендан лимон
200 гр брашно
1 лажичка прашок за пециво

Состојки за кремот:

2 белки
80 гр шеќер
400 гр павлака

3 лажици брашно

Приготвување:

Ставете ги јајцата во поголем сад, а потоа додадете шеќер и изматете ги рачна маталка. Додадете го стопениот путер, а потоа продолжете да мешате додека не се соединат состојките. Додадете брашно, лимон и прашок за пециво, па рачно месете го тестото додека не добиете компактна смеса.

Од тестото направете две топчиња со иста големина, па завиткајте ги со проѕирна фолија и оставете ги во фрижидер околу 30 минути.

Изматете ги белките со шеќерот додека не добиете цврст снег, а потоа додадете павлака, па брашно. Мешајте додека не добиете соединет и фин крем.

Подмачкајте го огноотпорниот сад со путер и брашно, а потоа развлечете едно топче тесто по целата површина на садот, така што ќе се распредели рамномерно.

Истурете го филот врз тестото и раширете го рамномерно со лажица.

Изрендајте го другото топче тесто врз филот.

Ставете го во рерна и печете околу 35 минути на 180 степени Целзиусови.

Кога колачот е печен, поросете го со шеќер во прав и исечете го на коцки.

Фото: Јутјуб скриншот