Ако завршивте со пиперките, време е за лукче

Сите ги знаеме лековитите својства на лукот, па би било добро да си подготвите барем една тегла закиселен лук за зимава. Најдовме одличен рецепт 

0
598

Во балканските земји секогаш ѝ се посветувало многу внимание на подготовката на зимница и речиси нема куќа во која нема барем една тегла кисели краставици или ајвар. Денес тој тренд е доста сменет и поради недостаток на време и поради тоа што во продавниците веќе можат да се најдат многу квалитетни и различни видови зимница. Но, постојат интересни рецепти кои не можат да се купат, а еден од нив е закиселениот лук, за кој рецептот го најдовме на блогот „Well hung food“.

Потребни состојки:

Шолја бел вински оцет
Лажичка сол
Половина лажичка шеќер
Мајчина душица
Неколку зрна црн пипер
Излупени чешниња лук

Приготвување:

Во мал сад загрејте ги оцетот, шеќерот и солта, па оставете ги да зовријат, додадете ги зачините и уште додека е врело прелијте ги чешнињата лук, кои сте ги наредиле густо во претходно стерилизирана тегличка.
Добро затворете ја теглата и чувајте ја на собна температура до два месеци.