Ако имате корона јадете јаткасти плодови, маслиново масло, козји производи…

За време и по прележувањето на вирусот, нутриционистите препорачуваат исхрана богата со цели зрна, внесување на свежо овошје, особено она со витамин Ц, свеж зеленчук, но и исхрана базирана на козји производи

0
259

Која храна е најдобра за време и по вирусот – што да јадете од овошје, зеленчук, какво месо, дали да јадете тестенини, слатки…
„Правилната исхрана треба да биде избалансирана, со многу витамини и минерали. Акцентот е ставен на цели зрна, внесување на свежо овошје, особено богато со витамин Ц и свеж зеленчук. Нашиот извор на протеини треба да биде од храна како месо, риба и јајца. Важен е адекватен начин на приготвување на храната, за да не ја намалиме нивната диететска биолошка вредност“, советува српската нутриционистка Лилјана Путниковиќ.
„На пациентите кои имаат ковид обично им препорачувам да земаат здрави масти како јаткасти плодови и маслиново масло на дневна основа, а не треба да се избегнуваат умерени количини путер, бидејќи тие се извори на липосолобилни витамини кои подобро се користат во масна средина. Свежото цвекло и зелениот зеленчук се исто така важни. Доволни се околу 600 грама свеж зеленчук дневно“, советува уште една српска нутриционистка, Ана Тодоровиќ.

Како да им се олесни на пациентите кои немаат сетило за вкус поради ковид?

„Закрепнувањето е побрзо и ги враќа пациентите на нормален начин на живот. Тие потоа се потпираат на суплементи. Појадокот е многу важен бидејќи белите дробови се загрозени, па затоа е важна исхраната базирана на козји производи кој може и сака“, вели Ана Тодоровиќ.
„Храната треба да биде минимално термички обработена, да се зема многу овошје и зеленчук. „Пациентите со дијабетес треба да бидат внимателни“, вели Путниковиќ.

Што да избегнувате во исхраната кога станува збор за инфекции со ковид?

„На прво место тоа се пекарските производи, слатките, шеќерот воопшто, брзата храна, па затоа е неопходно да се фокусираме на домашна храна“, вели Тодоровиќ.
Од зачините треба да се земат оние кои секојдневно ни се достапни дома. Треба да земете лимон, магдонос, босилек, црвен пипер.
„Денот може да започне со домашен сок од аронија, во умерени количини, кој е одличен за имунитетот, со исцеден лимон доколку не му пречи на желудникот. Урамнотежен појадок кој вклучува интегрален леб, козјо кисело млеко, варено јајце и додаток на свеж зеленчук. Важно е и редовното спиење, благата изложеност на сонце“, заклучува нутриционистката Ана Тодоровиќ.

Фото: Unsplash