Ако не можете да го почнете денот без кафе, направете го барем поздраво и подобро

Секогаш заборавате на внесот на дневна доза витамини? Но знаете што не заборава никој од нас? Да се напие утринско кафе. Зошто да не го искористите ова и да не направите од него уште поздрав и подобар напиток?

0
506

Ако и вие сте од оние кои не можат да го почнат денот без кафе, зошто да не го искористите за дневен внес на витамини. Како? Додадете му некои од омилените зачини кои содржат и витамини и минерали, а сето тоа заедно ќе му даде на кафето совршен вкус.

Цимет

Прстофат цимет ќе направи од кафето вистински мал деликатес. Тој поседува антиоксидативни, антибактериски, антивоспалителни својства. Освен тоа, може да го намали и крвниот притисок, холестеролот, па и количината на телесни масти. Со редовното користење на циметот како додаток на храната, го штитите организмот од настинки.

Ѓумбир

Ѓумбирот е една од оние намирници кои или ги сакате или не. Ако го сакате, изрендајте сосема малку свеж ѓумбир во својата шолја кафе затоа што тој е богат со разни минерали и витамини, а го поттикнува и варењето олеснувајќи ги тегобите како надуеност и грчеви. Американската и кинеската академија на науки спровеле истражување за делувањето на ѓумбирот врз процесот на слабеење.

Куркума

Сигурно веќе ги знаете сите здравствени придобивки од куркумата. Таа делува и на низа тегоби, како главоболка, јадеж, болести врзани со системот за варење, болки во зглобовите, надуеност. Познато е и противвоспалителното делување на куркумата, а ова е едно од најсилните влијанија на оваа зачинска билка.

Какао

Чоколадо и кафезвучи како спој од соништата. Уште ако на целата приказна ѝ ги додадеме сите придобивки од какаото во прав, станува уште подобро. Познато е дека чоколадото, па така и чоколадните пијалоци, делуваат на производството на серотонин, т.н.хормон на среќата и ендорфин поради што личноста се чувствува смирено и полно со енергија. Флавоноидите од какаото делуваат на организмот засилувајќи го протокот на крв и со тоа краткорочно ја подобруваат будноста и когнитивните способности.

Фото: Pexels