Ако пиете лекови, внимавајте што јадете!

Одреден вид на храна може да има неочекувани ефекти врз нашиот организам кога е во интеракција со одредени лекови. На пример, дали знаевте дека ако пиете лекови за притисокот, треба да избегнувате да јадете банани?

0
621

Иако лековите треба да ви го зачуваат или да ви го подобрат нарушеното здравје, понекогаш и тие можат да затаат или уште полошо, да ви наштетат поради некои други ваши избори додека ги земате лековите.

Несаканите ефекти се наведени во сите упатства во лековите и предупредувања шпто не треба да правите додека ги земате. Но дали знаевте дека секојдневната исхрана исто така може да има ефект врз ефектот на вашите лекарства и врз вашиот организам?

Излезе дека одреден вид на храна може да има неочекувани ефекти врз нашиот организам кога е во интеракција со одредени лекови.

И не станува збор само за таканаречената џанк-фуд. Тоа може да се случи и со храната која во нормални услови, односно, кога не се земаат лекови, е добра за нас!

Ако земате лекови за крвен притисок, избегнувајте банани

Овие лекови можат да ја зголемат количината на калиум во телото. Нормално, калиумот е добар за вас, но ако има премногу од него, тоа може да предизвика повеќе срцеви компликации, вклучувајќи неправилно чукање на срцето и срцеви палпитации.

Друга храна која е богата со калиум е лиснатиот зеленчук, портокалите, и замените за сол.

Ако земате лекови против холестерол, избегнувајте грејпфрут и сок од грејпфрут

Сокот од грејпфрут може да предизвика да се зголеми нивото на овие лекови во крвотокот, што ве прави поподложни на нивните несакани ефекти, меѓу кои најзначајни се болките во нозете.

Грејпфрутот може да направи компликации и со други видови на лекови, па ако го сакате а земате лекарства, консултирајте се со вашиот лекар.

Ако земате лекови за срцева слабост, избегнувајте црн сладунец

Ова растегливо растение содржи хемикалија која може да предизвика неправилна работа на срцето, кога се комбинира со дигоксин, понекогаш со сериозни компликации. Исто така, ја спречува ефикасноста на некои лекови, вклучувајќи ги и лековите за крвен притисок, за разредување на крвта, лекови против болка и за контрола на раѓањето.

Ако земате антикоагуланси, избегнувајте сок од брусница

Некои студии покажале дека кај пациентите кои пијат сок од брусница, а земаат антикоагуланси може да дојде до драматично слабеење на крвта, што може да доведе до компликации.

Ако земате лекови за разредување на крвта, избегнувајте спанаќ

Спанаќот и други зеленолисни растенија кои содржат витамин К ако се мешаат со разредувачи на крвта и антикоагуланси, ги прават помалку ефикасни и се зголемува ризикот од згрутчување на крвта. Исто така треба да се избегнува кељ, брокула, и друг темно-зелен зеленчук.

Ако земате тетрациклин антибиотици, избегнувајте млечни производи

Содржината на калциум во овие производи може да го спречи вашето тело да ги апсорбира антибиотиците правилно и да им го намали ефектот. Затоа треба да се земаат час или два пред јадење.

Ако земате лекови против бактериски инфекции, избегнувајте сувомеснати производи

Земањето лекови додека консумирате храна што содржи амино киселина тирамин може да предизвика опасни искокнувања во вредноста на крвниот притисок. Оваа амино киселина е најдена во сувомеснатите производи и процесираните сирења. Исто така, треба да избегнувате банани, авокадо, чоколадо и алкохол.

Ако земате лекови за тироидата, избегнувајте ореви

Оревите, заедно со друга храна богата со растителни влакна, како и соиното брашно, може да спречат вашето тело да ги апсорбира овие лекови правилно.

Всушност, повеќето лекари препорачуваат земање на лековите за тироидната жлезда пред спиење, такашто вашето тело има доволно време да ги апсорбира.

Како и секогаш, секое тело е различно и ќе реагира различно, па секогаш треба да зборувате со вашиот доктор за било какви ефекти од лековите што ги земате и тој може да ви помогне да го персонализирате вашиот внес на лекови, на начин што е од корист за вас.

Фото: Pixabay