Ако јадете печурки секој ден, ризикот од рак се намалува за 64 отсто

Печурките се една од најхранливите намирници и се одлична превенција од многу болести, па дури и од малигни. Ефектот е уште поголем ако ги консумирате во комбинација со шолја зелен чај

0
151

За вегетаријанците и веганите, печурките претставуваат важна замена за месните производи поради протеините кои ги содржат. Но за да внесете довопно протеини, наместо месо треба да изедете околу 200 грама печурки (содржат близу 7 г протеини) заедно со брокула и пченка.  Свежи или варени, шампињоните се добар извор на диетални влакна. Содржат повеќе витамини, како што се Д, Б, А, Е и многу калиум, фосфор, железо и други елементи кои му се потребни на човечкиот организам.

Печурките се богати со хранливи материи и докажано е дека со нивното консумирање се намалува ризикот од срцеви заболувања.

Научниците покажале дека секојдневната консумација на печурки може да го намали ризикот од Алцхајмерова болест за дури 70 осто.
Печурките се богати со диетални влакна кои имаат многу важна улога кога станува збор за здравјето на срцето. Затоа, ако имате проблеми со срцето, почесто јадете печурки.

Тие се одлични и за јакнење на имунитеот, а исто така помагат и при регулирањето на слободните радикали кои го ошетуваат црниот дроб.

Ако јадете печурки секој ден, ризикот од рак се намалува за 64 осто. Ефектите ќе бидат уште поголеми ако ги консумирате во комбинација со шолја зелен чај.

Кај нас најчесто се консумираат буковки и шампињони па добро е да знаете дека оние кои ќе ви останат од ручекот не е добро да ги ставате во фрижидер, бидејќи оксидираат и го менуваат вкусот. Доколку сакате да ги затоплите, правете го тоа исклучиво во микробранова печка.

При купување избегнувајте шампињони кои ја изгубиле влагата, кои се меки или пак имаат некакви оштетувања на површината. Земете ги само оние кои имаат цврста структура.

Фото: Unsplash