Алкохолот во пандемијата: Колку пиете, а колку е препорачливо ако баш морате

Постоечките препораки во Велика Британија советуваат да не се пијат повеќе од 14 единици алкохол неделно, без оглед на полот. Тоа изнесува околу шест литри пиво со просечна јачина или шише и половина вино неделно.

0
400

Многумина во текот на овој период на пандемија со корона вирус, соочени со многу проблеми поради неможноста да одат на работа, или да излегуваат, па до оние потешките како што се губење на работното место и неизвесност за тоа што ќе донесе утрешниот ден, се обидоа да најдат вентил за ослободување од стресот во алкохолот.

Британските експерти го посочуваат овој проблем како се почеста последица од пандемијата и предупредуваат на потребата од намалување на потрошувачката на алкохол кај населението. Дадени се препораки за тоа како да се препознае неконтролираното пиење и што треба да се направи за да не прерасне проблемот во потешки облици на алкохолизам.

10 знаци дека не можете без алкохол

Вашиот живот се врти околу пиењето
– Обрнете внимание на тоа колку често размислувате за пиење.

Однесување за кое жалите
– Алкохолот може да ве натера да направите работи за кои ќе зажалите. Кога тоа ќе се случи, нема сомнение дека таквото однесување треба да се промени сè додека не биде предоцна.

Губење на меморијата
– „Затемнувањата“ во меморијата можат да имаат застрашувачки искуства, а ако се појават и несвестици, тогаш тоа е јасен сигнал дека нештата излегуваат надвор од контрола.

Верувате само во тоа што сакате да го слушнете

– Кога имате проблеми со пиењето, вообичаено е да избегнувате какви било информации за штетноста на алкохолот. Ако барате само позитивни ставови за „весел“ начин на живот, тоа значи дека сакате да го ослободите вашиот ум и да избегате од соочувањето со одговорот на прашањето колку навистина пиете.

Избегнување на обврските
– Ако пиете пред да ги исполните домашните, деловните и семејните обврски, тоа го правите на штета на најважните работи во животот, а кога ова ќе се случи, време е да се соочите со проблемот и да побарате помош.

Пиете за да се опуштите или за да се чувствувате самоуверено
– Ова го правиме кога веруваме дека е невозможно да се чувствувате опуштено, забавно и сигурно без да пиете, а ова е веќе силен показател дека алкохолот е премногу преовладува со вашиот живот.

Пиење во текот на денот
– Ако пиете сам или во текот на денот ова е силен показател дека проблемот е надвор од контрола, бидејќи очигледно е дека желбата за пиење стана посилна.

Надминување на препорачаното
-Постоечките препораки во Велика Британија советуваат да не се пијат повеќе од 14 единици алкохол неделно, без оглед на полот. Тоа изнесува околу шест литри пиво со просечна јачина или шише и половина вино неделно.

Криење на алкохол
-Кога ќе започнете да криете алкохол низ куќата, тоа е сигурен знак дека имате проблем што треба да се реши. Алкохоличарите честопати го негираат пиењето затоа што тоа им помага да го избегнат соочувањето со срамната вистина.

Станувате раздразливи ако не пиете
– Кога се чувствувате фрустрирано ако не можете да се напиете алокохол, исто така е силен показател дека сте еден чекор поблизу до алкохолизмот.

Совети:

– Немојте да пиете повеќе од 6 литри пиво или шише и половина вино неделно и распоредете ги најмалку на три или повеќе дена

– Ако сакате да намалите, обидете се да не пиете секоја недела

– Ако сте бремени или мислите дека сте бремени, најбезбедно е воопшто да не пиете алкохол за да го намалите ризикот за вашето бебе

– Искреност – чекор кон ефикасно решавање на проблемот со алкохолот е да бидете искрени со себеси во врска со вашите навики за пиење

– Образование – Откако ќе признаете дека имате проблем со пиењето, можете да започнете да учите за најдобрите начини за одвикнување

– Бидете мотивирани – наместо да мислите дека животот ќе биде полош без алкохол, треба да започнете да мислите на тоа колку ќе бидете среќни без алкохол

– Волја – свртете се кон вистинскиот начин на размислување и навистина ќе почнете да верувате во себе, ќе ја зајакнете волјата да не се откажете од нормален и позитивен начин на живот

– Водете дневник – запишувајте ги секој ден своите победи, предизвици, чувства, така што ќе знаете колку сте постигнале и ќе научите од тоа што сте го напишале и со тоа ќе станете посвесен за себе

– Учете од вашите недостатоци – искористете ја шансата што си ја дадовте самите за да научите што би можеле да направите поинаку додека напредувате

– Најдете заедница – поврзете се со луѓе кои се на истиот пат како вас и најдете поддршка и дополнителна мотивација

– Пронајдете алтернативни пијалоци – алтернативните пијалоци можат да бидат ваш нов „излез“, лесно е, и забавно и може да откриете нови вкусови

– Бидете одговорни – одговорноста е неверојатно моќна и едно од најкорисните помагала за успешно престанување со пиењето

Фото: Pexels