Ароматична лепиња со лук

Познатиот индиски наан е традиционален индиски плоскат леб, вкусен и мек, кој одлично оди со секое јадење.

0
647

Состојки за 6 лепињи:

125 мл топла вода,

лажичка шеќер

1 кесичка сув квасец

60 г густ јогурт

240 г брашно

1/2 лажичка сол

100 г путер

4 чешниња лук

сечкан магдонос.

Приготвување:

Измешајте ги водата, шеќерот и квасецот и оставете ги да отстојат 15 минути.

Во меѓувреме, растопете го путерот во тава и додадете го исечканиот лук и добро измешајте.

Додадете ги останатите состојки и 2 лажици мешавина од путер и лук во активираниот квасец и замесете го тестото.

Извадете го на работната површина и додајте брашно по потреба.

Кога ќе го замесите тестото, оставете го да се крева 1-2 часа.

Извадете го тестото од чинијата, премесете го и поделете го на 6 делови и оставете да стои уште 15 минути.

Расукувајте го тестото парче по парче до дебелина од 5 мм и по желба ставете му магдонос одозгора.

Загрејте ја тавата на највисоката температура,па кога ќе биде врела, ставете наан лепиња и печете ја секоја страна по 2-3 минути без да додавате масло.

Кога се готови, премачкајте ги со мешавина од путер и лук додека се уште топли.