Ах тие модри патлиџани…

Ако сте голем љубител на модри патлиџани, сигурно ја сакате и оваа лесна и вкусна салата позната како малиџано

0
436

Направете си поголема количина за да имате појадок, ручек или вечера барем за неколку дена. Не се секирајте за вкусот. Следниот ден е уште повкусна.

Состојки:

2-3 модри патлиџани (во зависност од големината)

1 кисела павлака

400 г урда (може и сирење, но урдата е помалку калорична и поздрава варијанта)

50-100 мл маслиново масло (ако ставате 2-3 лажици мајонез, тогаш ставете помалку маслиново)

2-3 лажици мајонез (по желба, значи и не мора доколку ја сакате онаа помалку калорична варијанта)

оревчиња сечкани или мелени (50-100 г)

2-3 чешниња толчен лук

сол, црн пипер, копар

Приготвување:

Испечете ги доматите во рерна. Излупете ги и истолчете ги со толчник или пак смелете ги во блендер. Измешајте ги со останатите состојки додека не добиете кремава смеса. Зачинете по желба и ставете ја салатата во фрижидер.