Ајмокац со ориз

Ова е едно од ретките јадења кои го сакаат и оние што во принцип, не јадат манџи. И никогаш нема да ви здодее бидејќи, дури и во случај да ви остане, можете да го дојадете следниот ден со нешто друго наместо со ориз

0
323

Состојки:

Пилешко бело месо

2 моркови

2 чешниња лук

1/2 главица кромид

Коцка путер и маслиново масло

2 лажици брашно

Сол, црн пипер, мешавина од суви зачини

Вода

Свеж магдонос

пола кисела павлака

За прилог: ориз

Приготвување:

Ставете го месото во тенџере со вода да се свари, а по некое време додадете ги во истото и кромидот и морковите.

Во друго тенџере на тивок оган ставете коцка путер и малку маслиново масло и пропржете го брашното, па додадете го исечканото лукче и додавајте малку по малку од водата во која се вареше месото и мешајте со рачна маталка за да не се направат грутчиња.

Откако ќе се префрли целата вода, се става и исечканото сварено месо, се зачинува и се остава се заедно да се провари уште 5-10 минути. На крајот се додава павлаката, се промешува и се трга од оган. Се поросува со сечкан магдонос.

Како прилог сварете ориз, а потоа сервирајте во чинија такашто ќе го прелиете оризот со ајмокац.