Ајурведски трик за исфрлање на отровите од телото

Пред да си легнете направете го овој традиционален ајурведски пијалок со кој ќе ги исфрлите отровите од телото и ќе имате мирен сон.

0
618

Ајурведата е систем на традиционална медицина што потекнува од Индија, а се практикува и во другите делови од светот како форма на алтернативна медицина.

Низ историјата, ајурведата останала влијателен медицински систем во Јужна Азија.

Концептот на ајурведата се базира на два главни принципи. Првиот е дека умот и телото се меѓусебно поврзани, а вториот – дека умот е доволно моќен да го излекува телото.

Со оглед на тоа што целта на ајурведските третмани е да го исчистат телото од непроцесираната храна која може да остане во телото и да доведе до болест, постојат повеќе традиционални ајурведски напитоци со чија помош се исфрлаат отровите од телото. Освен тоа, со помош на овој напиток ќе имате и мирен сон.

Потребни се:

1/2 лажичка органска куркума

1/4 лажичка рендан свеж ѓумбир

1 лажичка ги масло

1/2 лажичка кардамом

1 чаша млеко (млеко по избор или негова билна замена).

Прстофат црн пипер

Во топло млеко додадете ги сите состојки и добро измешајте. Пијте го напитокот топол еден час пред да си легнете.

Ефектите ќе ги почувствувате по неколку дена.