Ај (не) јадете трици!

Овесот не е намирница што е вообичаена во исхраната на нашето поднебје што е очигледно ако земеме предвид дека многу често кај нас се употребува реченицата: Ај не јади трици! Што би значело, не зборувај глупости! Ама трици мора да се јадат. Ако не за друго, заради имунитет

0
680

Освен што кај нас многу често може да се слушне изразот: Ај не јади трици! Што би значело, не зборувај глупости! Честопати се вели уште и: Кој се меша во триците, ќе го изедат свињите. Но, бидете сигурни дека ова дефинитивно не е така и овесните трици се токму она што треба секојдневно да го имаме на нашето мени, особено во време на вируси.

И ако јадеме, најчесто јадеме овесни снегулки, но што е со овесните трици?

Триците се дел од овесното зрно, кое се наоѓа веднаш под неговата обвивка и се богати со растителни влакна и бидејќи според препораките на докторите, треба да се внесуваат 25 грама влакна дневно, триците се едноставен и брз начин за да ја додадеме во нашата исхрана таа количина која недостасува.

Овесните трици го подобруваат варењето и спречуваат да се појави запек, но имаат и други бројни здравствени предности.

Во овој период на вируси, сите зборуваме за подобрување на имунитетот.
А токму кога станува збор за зајакнување на имунитетот, треба да се спомене и улогата на бета глуканите и овесот и триците од овес како нејзин извор.

Имено, бета глуканот, кој е дел од растворливите влакна во овесните трици, ја поттикнува работата на имунолошкиот систем и се бори со непожелните бактерии и габи во гастроинтестиналниот системНа тој начин тие влијаат на здравјето и отпорноста на организмот во целост.

Истражувањата покажале дека растворливите влакна во овесните трици влијаат и на намалувањето на лошиот холестеролКога ќе се најдат во цревата, тие на некој начин се закачуваат за холестеролот и на тој начин спречуваат тој да се апсорбира во крвотокотНа тој начин телото само го исфрла лошиот холестерол преку столицатаВишок лош холестерол не е добар за здравјето. Тој се трупа во артериите во вид на наслојки и го спечува нормалниот ток на крвта. Крвотокот е мрежа од меѓусебно поврзани крвни садови и срце. Застојот во еден дел може да доведе до проблеми во функционирањето на целиот ситем на крвотокот, проблеми со срцето и со висок крвен притисок.

Намалување на ризикот од појава на дијабетесОвесните трици го забавуваат варењето на јагленохидратите, па со тоа ја намалуваат и брзината со која шеќерот влегува во крвотокот. Така телото има повеќе време за да се избори со вишокот шеќер. Се смета исто така и дека тие ја зголемуваат чувствителноста на инсулинсо што директно влијаат на остранување на вишокот шеќер од крвтаНа тој начин се важен фактор кој го намалува ризикот од појавата на дијабетесот.

Се намалува ризикот од појава на рак на дојката кај женитеИстражувања во Велика Британија покажале дека жените кои консумирале барем 13 грама влакна од интегралните житарки, го намалуваат ризикот од појава на рак на дојката за 41%за разлика од оние кои консумирале само по 4 грама влакна или помалку.

Фото: Pexels