Бакнеж од боровинка

Нови вкусови во XL верзии и предлог за сендвич со интересна, солено-овошна комбинација

0
129

Неодамна, нашиот најголем производител на леб, компанијата Жито Лукс го претстави дополнувањето на линијата лебови на парчиња со новиот XL Бриош леб. Бриош лепчето, кое е добро познато на потрошувачите, се карактеризира со специфична арома на путер, исклучителна мекост, препознатлива златно-кафена кора што му дава неверојатен целосно заокружен вкус, произлезен од француските рецепти за ваков тип леб.

„По повод лансирањето на овој производ предлагаме да ја пробате прекрасната фузија на ароми, вкусови и текстури од победничкиот сендвич, од минатогодишниот XL натпревар за највкусен сендвич, наречен „Blueberry kiss“ (Бакнеж од боровинка).

Потребни состојки:

  • XL Бриош леб
  • Боровница крем сирење
  • Дробени ореви
  • Мисиркини гради
  • Шери домати
  • Бејби рукола

Премачкајте ги парчињата XL Бриош леб со боровница крем сирењето, потоа наросете со дробени ореви. Додајте неколку парчиња од мисиркините гради, врз нив ставете половинки шери домати, па уште еден слој мисиркини гради. На крај завршуваме со ливчиња бејби рукола и поклопуваме со второто парче леб. Добар апетит!

Побрзајте во најблиската продавница по вашиот омилен Бриош“, порачуваат од „Жито Лукс“.