Балон лепињи

Нашата читателка Ана Радованац ни испрати рецепт за овие интересни лепињи кои додека се печат се дуваат како балони

0
288

Состојки:

7 г сув или 25 г свеж квасец

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

2 лажици масло

600 г брашно за тестото и уште малку за поросување на масата

малку топла вода за активирање на квасецот

200 мл вода
200 мл јогурт

Приготвување:

Квасецот, брашното и шеќерот со малку топла вода се мешаат и се остава да се активира.

Се замесува тесто од брашното, солта и активираниот квасец, водата и јогуртот. Се меша убаво, а брашното се додава малку по малку се додека не се добие тесто што може да се меси со рака. Тестото треба да биде малку лепливо. Го преливаме со две лажици масло и го оставаме на топло 1 час.

Го вадиме тестото од садот, ставаме брашно на масата, го премесуваме и го делиме на 6 делови или на колку сакате вие. Од секое парче правиме топче и го ставаме на страна. Го развлекуваме секое колку што ни дозволува тестото (отприлика 15 цм). Можете да направите и повеќе помали питички, зависи од тоа колкава ви е тавата. Ги покриваме со крпа и ја ставаме тавата за палачинки да се загрее на најсилно.

Се пече 30 секунди, потоа се превртува од другата страна уште 30 секунди и повторно се превртува.

Лепињата почнува да се дуе како балон. Кога ќе се потпече ја вадиме и ја премачкуваме со малку стопен путер. Сите лепињи се печат на истиот начин.