Безглутенско тесто за пица

Ова тесто за пица е лесно за подготовка, здраво и вкусно, а освен тоа не содржи глутен и може да го јадат и вегани.

0
157

Состојки:

2-3 средни слатки компири
200 г овесно брашно
2 лажици мелено ленено семе
2 згмечени чешниња лук
1 лажица јаболков оцет
1 лажица сув квасец
1 лажица маслиново масло
1 лажичка оригано
1 лажичка босилек
½ лажичка сол
½ лажичка прашок за пециво
1 дл вода (доколку е потребно)

Приготвување:

Излупете го бататот, исечкајте го на коцки и варете ги на пареа околу 15 минути, додека не омекнат.
Кога слаткиот компир ќе се свари, префрлете го во подлабок сад и изгмечете го во пире. Додадете јаболков оцет, маслиново масло и лук и добро измешајте.
Во друг сад измешајте ги сувите состојки (овесно брашно, ленено семе, квасец, оригано, босилек, сол и прашок за пециво).
Додадете ги сувите состојки во слаткиот компир и промешајте сè заедно.
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Ставете мрсна хартија на плех за печење и раширете го тестото рамномерно.
Печете го тестото 20-25 минути, или додека не добие светло-кафеава боја на рабовите. Должината на печењето зависи од јачината на рерната, па доколку е потребно, продолжете го времето за печење за уште 5 минути.
Кога тестото ќе се испече, извадете го од рерна, додадете го филот по желба и печете 8 до 10 минути на температура од 220 степени.

Фото: Unsplash