Без квасец и без брашно: Вкусен леб, кој се прави за пет минути

Најдобриот дел во врска со овој леб е што подготовката нема да ви одземе ни пет минути, а за помалку од еден час ќе имате вкусен леб.

0
988

Ако сè уште барате брзи рецепти за леб без квасец и сакате поздрава верзија од класичната, можеби ќе ви се допадне рецептот подолу.

Тоа е леб богат со протеини кој исто така може да послужи како одлично предјадење, а одлично ќе оди и со чаша јогурт, без никакви други додатоци.

Овој леб ќе им се допадне и на оние кои се обидуваат да изгубат некој килограм, но никогаш не можат да се откажат од таа намирница.

Состојки:

250 г овесни снегулки (можете да ги смелете, а ако се од ситните и не мора)

1 лажичка прашок за пециво или сода бикарбона.

3 јајца

500 г свежо сирење

1 лажичка сол

4 лажички мелено ленено семе

2 лажици маслиново масло

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целсизусови

Садот за печење леб прекријте го со хартија за печење или со некое масло по ваш избор.

Во сад измешајте ги сите состојки, а овесните снегулки, можете, но ако се ситни и не морате да ги смелите.

Помешајте ја смесата додека не стане компактна, а потоа префрлете ја во садот за печење и печете  ја 35 до 40 минути.

Кога е лебот печен, пред да го послужите почекајте да се излади.

Напомена: По желба додадете и некои други семки, а ако не го изедете истиот ден, чувајте го во фрижидер поради јајцата.

Фото: Pixabey