Бел или кафеав шеќер: кој е поздрав?

И покрај популарното мислење дека кафеавиот шеќер е поздрав од белиот, експертите наведуваат дека нутритивните разлики помеѓу овие два вида шеќер се занемарливи и дека единствената разлика помеѓу нив се бојата и вкусот.

0
214

Со оглед на тоа што и белиот и кафеавиот шеќер потекнуваат од шеќерна трска или репка – нивниот состав е прилично сличен. Всушност, кафеавиот шеќер е мешавина од бел шеќер и меласа (еден вид сируп добиен од шеќер). Меласата е одговорна за потемната боја на кафеавиот шеќер и нејзината малку зголемена нутритивна вредност.

Највоочлива нутритивна разлика помеѓу кафеавиот и белиот шеќер е таа дека кафеавиот шеќер има малку поголема содржина на калциум, железо и калиум. Сепак, количините на овие минерали во кафеавиот шеќер се незначително мали и не можат да се сметаат за извор на витамини и минерали.

Кафеавиот шеќер содржи и малку помалку калории од белиот, но разликата е минимална. Една кафена лажичка (4 грама) кафеав шеќер содржи 15 калории, додека истата количина бел шеќер има 16,3 калории.

Ако ги споредиме нивните нутритивни вредности, можеме да заклучиме дека главните разлики помеѓу белиот и кафеавиот шеќер се нивниот вкус и боја.

За време на производството, откако ќе се отстрани сокот од шеќерната трска, тој се вари и поминува низ процес на филтрација. Кристалите минуваат низ центрифуга за да станат поправилни, а притоа, меласата исчезнува, поради која кафеавиот шеќер ка има таа боја. Шеќерот поминува низ дополнителна обработка за да стане бел. Кафеавиот шеќер, според тоа, е всушност неизбелен бел шеќер со додаток на меласа.

Кој шеќер да се избере?

Иако кафеавиот шеќер содржи повеќе минерали отколку белиот, количините на овие минерали се толку мали што нема да донесат никакви здравствени придобивки. Имајте на ум дека шеќерот е фактор што придонесува за дебелеење и е главна причина за болести како дијабетес тип 2 и срцеви заболувања. Од таа причина, се препорачува максимум 5-10% од дневните внесени калории да доаѓаат од шеќер.

При избор на бел или кафеав шеќер, оставете го вашиот личен вкус да биде главен критериум, бидејќи бојата и вкусот се главната разлика помеѓу овие два шеќери.

Фото: Pixabay