Берете коприва со голи раце и излекувајте го артритисот

Иако најчесто на копривата луѓето гледаат како на плевел, таа е исклучително важна за нашето здравје, а нејзините иглички, ако ја берете со голи раце, велат, дејствуваат како акупунктура.

0
324

Многу често се случува луѓето да ја корнат копривата кога ќе ја здогледаат во своите градини, третирајќи ја како плевел. Тоа е вистинска штета. Наместо тоа, треба да ја употребуваме на сите можни начини. Меѓудругото, познавачите велат дека ако ја береме со голи раце, таа дејствува како акупунктура и помага кај проблеми со артритисот.

Освен што е добра за артритис, копривата го регулира крвниот притисок, помага за за подобра циркулација на крвта, го регулира шеќерот во крвта, лечи несоница и нервоза.

Првите траги од употребата на ова растение датираат уште од првиот век, кога се користело како лек против настинки и општа слабост и како моќно средство за детоксикација на организмот.

Низ историјата, копривата се користела како одличен диуретик и лаксатив и одличен лек за отоци, нередовна менструација, крварење, пневмонија, астма, слезина, рани од гангрена и многу други болести.

Во 17 век служела како противотров кај убоди од отровни животни и за лекување на камења и песок во бубрезите и уринарниот тракт, инфекции на кожата, болки во зглобовите, гихт и ишијас.

Позната е и старата руска традиција на жарење на телото со коприва со цел зајакнување на циркулацијата и ублажување на ревматските заболувања.

Исто така, во Русија, копривата традиционално се користи за лекување на болести на црниот дроб и жолчното кесе.

Во англиската и германската фитотерапија, таа е ценето средство за борба против воспаленија на уринарниот тракт и проблеми со простатата.

Поради високата концентрација на железо во многу култури, долго време се користи за лекување на анемија и недостаток на енергија.

Копривата содржи влакна кои се многу слични на оние од коноп и лен, поради што со векови зазема посебно место во текстилната индустрија.

Најпозната е како лек за анемија бидејќи е богата со железо. Исто така, содржи витамин Ц, Б2, А, К, фосфор и силициум, танин, каротин и лецитин.

Исто така, го намалува прекумерното крварење за време на менструалниот циклус.

Има антибактериски, антиинфламаторни ефекти, како и диуретични својства.

Листовите од коприва се користат и во кујната, а највкусни се во пити.

Фото: Unsplash