Болоњезе без трошка месо? Може!

Најдовме одличен рецепт за сос кој личи на болоњезе, ама наместо мелено свинско и говедско месо, се прави со комбинација на зелена леќа, ореви и печурки, кои се богати со протеини и здрави масти.

0
163

Состојки:

800 мл сечкани домати од конзерва
500 мл сос од домати
400 г печурки
200 г леќа
150 г сечкани ореви
125 мл црвено вино
2 ловорови лисја
2 лажици црвен пипер
1 литар бујон од зеленчук (или вода)
1 кромид
1 морков
1 стапче целер
2-3 чешниња лук
суво оригано
сол и црн пипер по желба
растително масло за динстање

Приготвување:

Во загреано масло ставете ги сечканиот кромид, моркови и целер додека не омекнат. Ќе ви требаат околу пет минути. Додадете ги исечканите печурки и динстајте ги сите заедно на умерена температура неколку минути додека не добијат златно-кафеава боја.

Додадете го исечканиот лук и динстајте околу половина минута.

Ставете го виното и користете дрвена лажица за да ги измешате сите вкусови од дното на садот. Добро промешајте.

Ставете ги во тенџерето доматите, сосот од домати и бујонот од зеленчук.

Додадете ја леќата претходно измиена во вода, ловоров лист и други зачини.

На ниска температура, варете сè заедно околу половина час до 45 минути, или додека леќата не е целосно сварена.

На крајот на готвењето, додадете сечкани ореви, сол и црн пипер по потреба.

Послужете го сосот врз сварените тестенини и украсете со малку свеж магдонос или со пармезан.

Фото: Pexels