Бомбастичен старт на денот…

...Со бомбици. Вкусни, здрави и одлични за оние кои не сакаат да појадуваат, како замена за утринскиот важен оброк. За нив е доволна само една бомбица, а за оние кои не се во оваа 'секта' - јадете колку сакате.

0
207

Состојки:

2 шолји овесни снегулки

200 г путер од кикирики

10-15 свежи урми

2 лажици мед

1 лажица какао

50 г лешници

50 г ореви

100 мл оризово млеко

1 лажица рум

Приготвување:

Смелете ги во блендер овесните снегулки, лешниците и оревите. Не претерувајте со мелењето на лешниците и оревите, нема штета ако останат мали парченца.

Урмите ставете ги на пола час во вода за да можете да ги излупите и да ја извадите семката. Измешајте ги во блендер со путерот од кикирики, медот и какаото.

Споите ги состојките во еден сад и додадете малку рум и оризово млеко или пак обична вода. Мешајте ја смесата додека не се спои убаво.

Обликувајте бомбици и валкајте ги во какао, кокос или во мелени ореви.

Чувајте ги во фрижидер.