Брза погача со рузмарин, лукче и маслиново масло

Ви снема леб? Еве го, за половина час веќе ќе замириса на топло тазе лепче

0
803

Состојки:

500 г брашно

250 мл јогурт

50 мл маслиново масло

Рузмарин и лук по ваша желба

1 лажичка сол

Малку шеќер

1 прашок за пециво

Малку сода бикарбона

Приготвување:

Ставете ги во сад брашното, прашокот за пециво и сода бикарбона, а потоа додадете ги јогуртот, маслото, солта, шеќерот и рузмарин и лук во прав или некој друг зачин по ваш вкус.

Со дрвена лажица соединете ги состојките и истурете ја смесата во калап обложен со хартија за печење.

Печете на 200 степени околу 25 минути.