Брзо и вкусно: Рецепт за домашен пекмез од јагоди

Освежувачки, сочни и со примамлив мирис. Кој можеше да им одолее на јагодите? Ова овошје може да се подготви на различни начини, а еве и еден рецепт за домашен пекмез.

0
110

Торти, колачи, сладолед, кремови … Јагодите се секако овошје кое може да се подготви во различни облици. Му припаѓаат на семејството рози Rosacea, а денеспостојат стотици сорти на јагоди. На пример, месечарките се поедноставни за садење дома, такашто можат лесно да растат во саксии на балкони и тераси, а едноротките се посоодветни за индустриско производство.

Со оглед на тоа што месечарките даваат плодови од мај до септември, повеќето домаќинки ги користат кога подготвуваат џем, што е идеално полнење за палачинки. Покрај тоа, џемот се користи како полнење за слатки кифли, а ако сакате брзо да се заблажите, џемот од јагоди е совршен спој со путер на леб.

Состојки:

1 кг јагоди

1/2 кг шеќер

2 кесички ванилин шеќер

1 лимон

Приготвување:

Измијте ги јагодите и извадете ги ливчињата. Исечете ги на половина и ставете ги во тенџере на тивок оган околу 30 минути.

После половина час, додадете половина килограм шеќер, две кесички ванилин шеќер и додадете го лимонот исечен на тркалца.

Продолжете да готвите уште 30 минути на тивок оган, мешајќи постојано, додека не се згусне џемот. На крајот, кога е готово, извадете ги парченцата од лимонот и фрлете ги.

Пред да го ставите во тегли, стерилизирајте ги, такашто ќе ги ставите во рерна загреана на 200 степени на пет минути. Откако ќе го направите ова, ставете го џемот во теглите и свртете ги наопаку за да создадете вакуум. Откако ќе се изладат, чувајте ги на темно и ладно место.

Фото: Pexels