Брзо и лесно: Здрав леб без трошка брашно

Леб без брашно – да, и тоа е можно со малку кулинарска фантазија и волја.

0
1071

Овој леб не содржи ниту еден грам од кој било вид брашно, а преполн е со растителни протеини, витамини, минерали и влакна.

Ако сакате да ослабнете или едноставно сакате поздрава варијанта на леб, можете едноставно и брзо да го направите според овој рецепт.

Состојки:

90 г мелени ореви

90 г мелено ленено семе

90 г мелени семки од сончоглед

50 г мелени семки од тиква

50 г сусам

4 јајца

1 дцл вода

½ лажичка сода бикарбона

Сол по желба

Приготвување:

Соединете ги мелените семки и оревите, па додадете ги во смеса од изматени јајца, вода, сода бикарбона и сол.

Ставете хартија за печење во калап, па рамномерно ставете го тестото. Можете одозгора да поросите со цели семки од сончоглед и тиква, а можете да додадете и ким.

Печете го лебот околу 60 минути на 180 степени.

Кога ќе се испече, попрскајте го малку со вода и завиткајте го во крпа да отстои неколку минути.

Чувајте го во фрижидер.

Фото: Pixabey