Брз и лесен рецепт за црвена леќа

Секогаш преферираме брзи и едноставни рецепти, ама црвената леќа е меѓу фаворитите и кога станува збор за брза подготовка и кога станува збор за вкусен оброк

0
252

Леќата ја направивме без масло, ама навистина не е тешко, ако баш сакате, да си додадете на крајот во веќе зготвената леќа 1 лажица маслиново масло.

Состојки:

500 г црвена леќа

2 големи моркови

1 голем компир

1 батат (сладок компир)

1 кромид

1 конзерва пелати

1,5 л вода

сол, црн пипер, кари, куркума, сечкан свеж млад кромид или млад лук

Приготвување:

Исечете ги морковите, компирот, бататот и кромидот, исплакнете ја леќата и веднаш додадете зовриена вода. Зачинете со сол и мелен црн пипер и додадете ги сечканите пелати од конзерва. Добро измешајте и оставете да врие околу 15-20 минути. На крајот додадете по желба кари или куркума или и од двата зачини и исечкан свеж кромид или лук.

Фото: Pixabay