Важни совети пред Велигден: На што треба да внимавате кога ги купувате и кога ги боите јајцата?

Не заборавајте дека јајцата ќе ги зготвите два или три дена пред Велигден, а некои ќе ги јадете неколку дена потоа. Токму затоа што долго стојат, важно е да обрнете внимание на тоа какви јајца купувате

0
174

Наскоро ќе го прославиме најголемиот христијански празник Велигден, а само два дена претходно ќе уживаме во омилениот обичај – боењето на велигденските јајца.

Освен за естетиката, важно е да водиме сметка и за здравјето. Бидејќи велигденските јајца обично стојат долго – прво чекајќи од петок до недела, а потоа стојат на масата додека не се изедат (барем 2-3 дена), ви донесуваме некои од најважните совети за купување.

– Купете чисти и неоштетени јајца;

– Не купувајте јајца со оштетени лушпи или јајца кои се видливо неисчистени од остатоци и пердуви;

– Кога ги варите јајцата, најдобро е да ги варите 12 минути од моментот кога ќе зовријат;

– Ако не ги боите јајцата природно, односно, со помош на храна со силни бои, кога купувате боја во кесички, земајте ги оние што се означени како прехранбени бои;

– Сировите јајца се потенцијален извор на салмонела, па затоа е препорачливо да ги измиете со млака вода пред да ги сварите и да ги украсите;

– Офајбајте толку јајца колку што сте сигурни дека ќе се изедат, бидејќи е греота да се фрла храна, особено велигденски јајца;

– Јајцата кои се обоени, неизлупени и без оштетена лушпа и стојат неколку часа на собна температура или се неколку пати извадени од фрижидерот, треба да се јадат во рок од еден до два дена.

Според нас, најзабавно е за боење на јајцата да се користи храна и цвеќиња, еве уште неколку совети.

Двата главни начини да ги обоите јајцата е да додадете боја или намирниците со чија помош планирате да ги обоите, додека се готват или да ги обоите јајцата откако ќе бидат веќе тврдо варени.

Многу побрзо е ако се готват јајцата заедно со бојата, но ќе ви требаат неколку садови ако сакате да направите јајца со повеќе бои. Со боењето јајца откако ќе се сварат ќе извакате повеќе садови и ќе ви треба повеќе време, но може да биде попрактично.

Пробајте и со свежи и замрзнати производи. Готовите производи ќе произведат многу посилни бои. Вриењето на бојата во која е додаден оцет ќе резултира со појаки бои. Некои материјали мора да бидат зготвени за да се ослободи бојата. Некои овошја, зеленчук и зачини може да се користат ладни. За да користите ладни материјали, прелијте ги варените јајца со вода, додадете го средството за боење, додадете лажичка или помалку оцет и оставете ги јајцата во фрижидер додека не се појави посакуваната боја. Во повеќето случаи, колку подолго ги оставате јајцата во бојата, толку поинтензивна ќе биде.

Еве како максимално да го искористите методот користејќи природни бои:

1. Ставете ги јајцата во еден слој во сад. Додадете вода за да ги покриете јајцата.

2. Додадете приближно една лажичка оцет.

3. Додадете природен пигмент. Користете повеќе материјал за повеќе јајца или за поинтензивна боја.

4. Ставете ја водата да зоврие.

5. Намалете ја топлината и варете ги уште 15 минути.

6. Ако сте задоволни од бојата, извадете ги јајцата од течноста.

7. Ако сакате поинтензивна боја, привремено извадете ги јајцата од течноста. Исцедете ја бојата преку филтер за кафе (освен ако не сакате дамчести јајца). Прелијте ги јајцата со филтрираната боја и оставете ги во фрижидер преку ноќ.

8. Јајцата со природна боја нема да бидат сјајни, но ако сакате сјаен изглед, можете да ги премачкате со малку масло откако ќе се исушат.

Фото: Pexels