Веганска сарма

Можеби никој нема ниту да забележи дека во оваа сарма нема месо.

0
612

Традиционалните јадења, подготвени на вегетаријански или вегански начин, покрај тоа што се вкусни и здрави, ѝ даваат посебен шарм на празничната маса, особено затоа што на тој начин можеме да се потсетиме на традициите, на нашите баби и на детските вкусови.

Состојки:

250 гр ориз

50 гр снегулки од соја

2 лажички сол

1/2 лажичка сушен босилек

1 лажичка куркума

1 голем морков (или 2 помали)

16 лисја кисела зелка

1 лажица црвена пиперка

За готвење:

200 мл сос од домати

1 лажичка сол

Малку ким или кумин

1/2 лажичка куркума

2 лажици црвен пипер

Прстофат чили во прав (по избор)

магдонос за украсување

2 литри вода

2 лажици масло за пржење

Приготвување:

Во голем сад, измешајте го оризот со трошките од соја, ситно исечкани моркови и зачини (црвена пиперка, куркума, сол, црн пипер, босилек).

Подгответе лисја од кисела зелка за сарма.

Пропржете го кимот (или куминот) на загреано масло додека не почне да ослободува интензивен мирис. Додадете сос од домати. Промешајте и додадете зачини (куркума, црвен пипер и сол и по желба чили или црн пипер). Внимателно виткајте ги сармите и додадете вода. Нека се варат 45 минути. Послужете со ситно исечканд магдонос.

Фото: Pixabey