Вегански крем од хељда

Не е дека ништо не може да ги замени за многумина омилените намази полни со шеќер и адитиви. Еве една вкусна и здрава варијанта

0
174

Крем, ерокрем, нутела или како и да си го викате, често е омилен сладок додаток на многу луѓе. Но, често е скап и полн со штетни материи, засладувачи и разни бои. Затоа еве еден рецепт за сладок домашен вегански крем – без вештачки додатоци вкусен намаз од хељда.

Сите состојки:

1 шолја хељда
200 мл бадемово или млеко од соја
5 лажици агава сируп
50 г мелен рогач

Чекор 1 – прелив од „чоколадо“

Состојки:

5 лажици агава сируп (сладок)
50 г мелен рогач
200 мл бадемово или млеко од соја

Приготвување:

Измешајте ги млекото, агава сирупот и рогачот со миксер додека смесата не се соедини добро.

Чекор 2 – Подготовка на вегански еурокрем:

Состојки:

1 шолја хељда

Исплакнете ја хељдата во 3 води и потопете ја во вода преку ноќ. Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте 1 минута. Ако сакате да направите бел крем, можете да користите таан.

Фото: Pixabay